27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИмате проблеми на работа?

Имате проблеми на работа?

Office life

Ви се чини како да и покрај сите ангажмани и посветеност на работата, работите некако успеваат да ве „совладаат“. Ви се чини дека генерално губите многу време, а ефектот е незначителен и покрај големиот вложен труд. Не грижете се – сите наведени симптоми можат лесно да се излечат и се ефект на лошата организација.

Добар деловен е фект е нешто кон кое сите одговорни личности тежнеат. Тоа е честа причина за фрустрација, во смисол на непропорционалноста на вложената енергија и времето од една страна и резултатите од друга.

Најчеста причина за ваква состојба е нерационалното користење на времето. За да се оптимизира времето поминато на работа, потребно е да се спроведат неколку „мали чекори“ кои сосема сигурно ќе ја изменат дневната рутина и ќе допринесат за подобра продуктивност.

 

Одвојте време „само за себе“

Во секој работен ден треба да испланирате барем половина час за самостојно размислување и сумирање на резултатите од работењето. Тие моменти „на само“ подразбираат затворена врата, игнорирање на телефонот и фокусирање на одредени деловни проблеми без прекини и влијанија од други личности.

 

Избегнувајте изненадни „дружења“

Иако понекогаш е убаво колешката спонтано да намине на кафе, непланираните средби, разговорите и состаноците можат во потполност да го пореметат ритамот на работниот ден. Потрудете се со колегите и пријателите да одредите време кога можете да комуницирате и дека не сакате ненадејни посети надвор од договореното време.

 

Направете план на работниот ден

Некогаш има премногу обврски. Добриот распоред и реалното согледување на работите и расположивото време многу ќе допринесат кон доброто деловно работење. Целта е што повеќе да сработите и што помалку да се изморите – со добaр план, ќе успеете да ги спроведете двете работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП