4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпасната игра на Трамп, ги дели компаниите на победници и губитници

Опасната игра на Трамп, ги дели компаниите на победници и губитници

ll333

Во рок од само неколку часа новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави две многу различни мислења на „Twitter“. Во првoто од нив ја критикува една компанија, а во второто фали друга компанија, пренесува „NBCNews“.

Како што веќе „Bloomberg“ напиша дека првиот од твитовите е посветен на постигнатиот договор со „United Technologies Corp.“. Корпорацијата се откажува од плановите за затворање на фабриката во САД. Ова стана топ вест и имаше влијание врз пазарите.

Претходно овој месец, новоизбраниот американски претседател се закани со „последици“ кон компаниите кои планираат да го преселат бизнисот од САД.

Трамп повторно покажа желба да користи хулиганска природа за критикување или фалење на компаниите чии активности влијаат на пазарот на трудот и владините трошоци. Кога претседателот потпишува закони или издава извршни акти, тоа ги прави како победници, а исто така и како губитници. Но тоа се случува на државно ниво или во некоја одредена индустрија. Трамп всушност создава индивидуални победници и губитници, користејќи „Twitter“. Ова би можело да има катастрофални последици, се наведува во анализата.

„Моќта на законот е она што ја одвраќа „круната“ на капитализмот. Во минутата, во која претседателот веќе е избран, „играта“ на политичари или бирократи со одредени фирми со цел да се оствари придобивка е против правилата“, вели за „Bloomberg“ професорот по економија од „John Hopkins University’s School of Advanced International Studies“, Ане Кругер.

Од „NBCNews“ дополнуваат дека и покрај сета критика од страна на претпријатијата кон првите години од владеењето на Барак Обама, всушност токму Трамп е оној кој само во рамките на еден месец, откако беше избран за претседател, изврши повеќе интервенции (директни или индиректни) во бизнисот, отколку Обама за неговите два мандати.

Истовремено Трамп објави на „Твитер“ пост, со кој повикува да се поништи договорот со „Boeing“ за изработка на новиот претседателски авион (Air Force One).

Репортерот од „CNN“, Џејк Тапер додава дека околу еден час пред да бидат објавени твитовите на Трамп за „Boeing“ од „Chicago Tribunе“ објавија статија во која извршниот директор на компанијата разговара со Трамп за трговијата.

„Јас не сум политички аналитичар или „гледачката“, имаме доста од нив, но секој кој обрнува внимание на последните кампањи и на резултатите од изборите, се разбира дека една од сеопфатните теми беше стравувањето за фер и слободна трговија“, коментира извршниот директор на „Boeing“, Денис Муленберг во текот на минатата недела.

„Минатата година 495 авиони „Boeing 737“ беа произведени од нашата фабрика во Рентен. Секој трет од нив беше за Кина“, додаде тој.

Дали твитовите на Трамп се одговор на коментарот на Муленберг за трговијата? Трамп изјави дека не прочитал статијата во „Chicago Tribune“. „Не видов напис во кој тој е критичен кон трговската политика“, изјави Трамп во телефонското интервју за „Today“.

Во истото интервју тој ја заштити функцијата на системот за микроблогирање. „Јас сметам дека авионите се премногу скапи“, рече тој. „Затоа сум тука – јас ќе преговарам за цената“, додаде тој. Ова е многу интересен коментар за тоа како тој го замислува управувањето на претседателот. Тој се разбира се занимава со бизнис во текот на целиот свој живот и за него се е трансакции и несигурни договори. Но тоа ли е најважната работа на претседателот, прашува медиумот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП