Баерн Минхен-Арсенал е осминафиналното дерби во Лигата на шампионите. Жрепката во Нион, ги спои ПСЖ и Барселона, додека европскиот првак Реал за противник го доби Наполи.
Две дерби средби, Баерн-Арсенал и ПСЖ-Барселона ќе се одиграат во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Баерн Минхен против лондонскиот тим три пати играл во нокаут фазата (2005, 2013, 2014) и секогаш успевал да го елиминира Арсенал.
ПСЖ изминатите четири сезони исто толку пат е елиминиран во четвртфиналето. Два пати ПСЖ бил елиминиран токму од Барселона, во 2013 поради помалиот број на голови постигнати на гостински терен (1:1, 2:2), а во 2015 Барса победи двапати (3:1, 2:0).
Реал го доби за противник Наполи, со овој тим „кралскиот клуб“ има одиграно во Лигата на шампионите во сезоната 1987/1988 и минал понатаму со победа и реми.
Осминафинални двојки:
Реал-Наполи
Баерн Минхен-Арсенал
ПСЖ-Барселона
Баер Леверкузен-Атлетико Мадрид
Севилја-Лестер
Порто-Јувентус
Манчестер Сити-Монако
Бенфика-Борусија Дортмунд
Првите натпревари ќе се одиграат на 14/15 и 21/22 февруари, а реваншите на 7/8 и 14/15 март.