22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmundi договори купување на Pioneer за 3,55 милијарди евра

Amundi договори купување на Pioneer за 3,55 милијарди евра

amudi3993

Француската компанија „Amundi“ ќе го купи бизнисот за управување со средства на „Pioneer“ од италијанската банка „UniCredit“ за 3,55 милијарди евра, финансиран договорот со издавање на долг и акции, соопштува „Ројтерс“.

Зделката е една од неколкуте продажби кои ги реализира новоизбраниот извршен директор на „UniCredit“, Жан-Пјер Мустие кој се обидува да оствари зголемување на капиталните нивоа на италијанскиот доверител и да ја намали големината, а со тоа да го направи полесен за управување.

За компанијата за управување со средства „Amundi“, чиј мнозински сопственик е француската банка „Credit Agricole“, купувањето на „Pioneer“ ќе ја заздрави лидерската позиција на пазарот во Европа, што ќе доведе до намалување на трошоците и ќе го зајакне својот профит.

„„Pioneer Investments“ ќе ја засили производната експертиза на „Amundi“, ќе ги прошири каналите и мрежите за дистрибуција и ќе генерира значителни синергии“, вели претседателот на „Amundi“, Ксавиер Муска во соопштението.

„Ова ја потврдува позицијата на „Amundi“ како очигледен европски лидер во управувањето со средства од гледна точка на големината и профитабилноста“, додава тој.

По трансакцијата „Amundi“ ќе управува со средства од 1,276 милијарди евра, што ќе ја направи осмата по големина компанија за управување со средства во светот, вели „Amundi“.

Според „UniCredit“ продажбата на „Pioneer“ ќе го зајакне односот на основниот капитал од прв ред со околу 78 базични поени. Италијанскиот кредитор ќе добие и вонредна исплата на дивиденда во износ од 315 милиони евра пред завршувањето на трансакцијата, што се очекува да се случи во втората половина од 2017-та година.

„UniCredit“ така, рече дека ќе земе нето капитална добивка од 2,2 милијарди евра од продажбата на „Pioneer“.

„Amundi“ објави дека ќе го финансира купувањето на „Pioneer“ со зголемување на капиталот од 1,4 милијарди евра и со главен и подреден долг од 600 илјади евра.

„Credit Agricole“ ќе ја гарантира емисијата, а банката додаде дека се очекува договорот со „Pioneer“ да го зголеми нејзиниот профит на акцијата со над 5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП