28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто бараат работодавците на вашиот Фејсбук профил?

Што бараат работодавците на вашиот Фејсбук профил?

facebook2

Експертите за човечки ресурси многу добро го сфаќаат значењето на социјалните мрежи, па кога ќе отидете на интервју за работа, очекувајте дека многу добро го проанализирале вашиот Фејсбук, Твитер или ЛинкедИн профил.

Благодарение на истражувањето кое го спроведе страницата „CareerBuilder“ дознаваме што точно на работодавците им дава знак дека не сте соодветни за да ве вработат.

49% – непримерни или провокативни фотографии

46% – работи кои покажуваат дека членувате во некоја организација која е против нормалните општествени сфаќања

45% – работи кои укажуваат на тоа дали пиете алкохол или уживате во лесни дроги

35% – лоши комуникациски вештини

30% – лош вид на пријатели, со лоши навики и активности

28% – дискриминаторски коментари за други луѓе

22% – било какви информации кои укажуваат дека сте лажеле за нешто во своето CV

19% – пријателство со некоја општо неприфатена личност

16% – неуредност во вашиот дом, вашата соба и сл.

Се покажало дека најупорните работодавци го прелистуваат и профилот на Твитер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП