11 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРААљуш Камбери и Тони Димков добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин”.

Аљуш Камбери и Тони Димков добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин”.

%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%ba%d0%be%d0%b2

Публицистот Аљуш Камбери и новинарот Тони Димков се добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин”.

Одборот за доделување на наградата, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот, на седницата одржана на 24.11.2016 година донесе Одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” во 2016 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија.

За остварување во областа на публицистиката, државната награда му се доделува на Аљуш Камбери, публицист. За остварување во областа на новинарството, државната награда му се доделува на Тони Димков, новинар.

Оваа одлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на Република Македонија”.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2016 година (среда) во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП