7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе повлекува најкористената банкнота во Венецуела

Се повлекува најкористената банкнота во Венецуела

bolivari-sto3

Поради повисоката инфлација во Венецуела, венецуелските власти ја повлекуваат од оптек најкористената банкнота.

Претседателот Николас Мадуро соопшти синоќа дека банкнотата од 100 боливари ќе биде повлечена од оптек до среда. Во моментов нејзината вредност е само два американски долари на црниот пазар.

Од четврток во оптек ќе бидат пуштени шест нови банкноти и три монети во вредност од 500 до 20.000 боливари. Како главна причина за повлекување на банкнотата од 100 боливари се наведува шверцот по границата со Колумбија, изјави преседателот Мадуро.

Боливарот има најголем пад на вредноста во историјата, во однос со доларот бележи пад за 60 отсто од почетокот на ноември. Тоа предизвика криза во здравствениот сектор и глад меѓу милиони луѓе. Оваа одлука беше критикувана бидејќи граѓаните сметаат дека е невозможно за 72 часа да се премине кон новите банкноти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП