1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндиските златари за седум часа продале 15 тони злато

Индиските златари за седум часа продале 15 тони злато

jewellery-ep4-1

По изјавата на индискиот премиер Неренда Моди дека од оптек ќе бидат повлечени банкнотите од 500 и 1.000 рупии (кои заедно сочинуваат 86 отсто од печатени пари во земјата), индиските златари за седум часа продале 15 тони злато.

Оваа одлука на владата ги поттикна граѓаните што е можно побрзо да се решат од овие банкноти, кои на првиот ден од 2017 година, ќе бидат речиси безвредни.

Според податоците на идиското здружение на накит, вредноста на прометот во тие 7 часа изнесувал 742 милиони долари. Според соопштението од Здружението, некои златари ги зголемиле цените на стоките дури за 60 отсто.

Преседателот на Здружението Сурендра Мехта (National Secretary of India Bullion & Jewellers Association – IBJA) ги повика властите да превземат мерки против оние кои ја засрамуваат златарската индустрија во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП