7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтатакис: Грција е на крстопат на два енергетски коридори

Статакис: Грција е на крстопат на два енергетски коридори

gasovod

Грција се наоѓа на крстопатот на два енергетски коридори и тоа и дава можност да стане енергетски центар во регионот. Тоа го коментира грчкиот министер за енергија, Јоргос Статакис пред „Ana Mpa“.

Грција организира серија на форуми за привлекување на инвестиции во енергетската инфраструктура, наведува агенцијата. Во потрага по капитал Статакис веќе ги посети Рим, Брисел и Ерусалим. Во моментов е во посета на Њујорк.

Двата извора на енергетски ресурси за кои преговараа министерот за енергија на нашиот јужен сосед, се природниот гас од Медитеранот и гас кој доаѓа од југоисток. Атина работи многу активно за реализацијата на гасоводот „EastMed“ – објект кој ќе пренесува гас од новите полиња во Средоземното Море, кои се наоѓаат во територијалните води на Израел, Кипар и Египет. Гасоводот ќе „влезе“ во Европа преку Грција.

Вториот извор за Грција е Јужниот гасен коридор, кој ќе пренесува гас од Каспискиот регион до Европа преку територијата на Турција (преку TANAP) и Грција (преку TAP). Изградбата на „Тар“ на грчка територија започна во средината на мај и кон крајот на ноември веќе се изградени 110 километри од трасата. Вкупната должина на гасоводот на територијата на Грција е 550 километри.

Така Грција, која е во средината на овие коридори, има амбиција да стане енергетски центар за цела Југоисточна Европа, диверзификација на изворите и правците на природниот гас. Очекувањата се дека тоа може да се случи до 2020-та година, односно кога Русија планира да го прекине транзитот на гас преку Украина.

Земјата има шанса да добие уште еден извор на природен гас – ако биде реализиран „Турски поток“ кон Европа. Во оваа фаза Русија и Турција се договориле за изградба на една цевка која ќе ги напојува директно турските клиенти и соодветно ќе биде прекинат транзитот преку Украина и Бугарија кон Турција.

Пред Статакис, кој по последните рокади во грчката влада го презеде Министерството за енергија, стои уште предизвикот за реформа на енергетскиот пазар и приватизацијата на државната енергетска компанија „PPC“.

Тој коментира уште дека за време на инвестициските форуми ќе се претстават уште и можностите за инвестирање во новите технологии во областа на енергетиката и во областа на обновливите извори на енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП