9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавна изборна комисија (ДИК): ВМРО-ДПМНЕ освои 444.014, а СДСМ 428.683 гласови

Државна изборна комисија (ДИК): ВМРО-ДПМНЕ освои 444.014, а СДСМ 428.683 гласови

mak

Државната изборна комисија (ДИК), рано изутрината на прес конференција ги соопшти прелиминарните резултати од гласањето за предвремените парламентарни избори.

Како што соопшти ДИК по обработени 99,34 отсто од гласовите ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 444.014 гласови, СДСМ и Коалицијата 428.683, ДУИ 85.774, Движење БЕСА 57.749, Алијанса за Албанците 35.103 и ДПА 30.971 глас.

Во текот на денешниов ден ДИК ќе излезе со првичните резултати од гласањето на предвремените парламентарни избори и дека тогаш комисијата ќе се произнесе со своја оценка за изборниот процес.

До ДИК до три часот изутрината, како што е соопштено, немало пристигнато никакви приговори во врска со вчерашното гласање на изборите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП