7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвпат од средината на 2015-та, цената на нафтата Brent над 57 долари

Првпат од средината на 2015-та, цената на нафтата Brent над 57 долари

nafta kop

Цената на северноморската мешавина нафта Brent надмина 57 долари за барел, што е првпат од 21-ви јули 2015 година, како реакција на потпишувањето на договорот меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и земјите производители надвор од картелот за намалување на производството, покажуваат податоците од електронското тргување на лондонската Меѓуконтинентална берза ICE, претходно International Petroleum Exchange од ноќта кон понеделникот.

На средбата во петокот во австриската престолнина Виена земјите членки на OPEC земјите надвор од организацијата, постигнаа договор за заедничко намалување на производството. Земјите на OPEC објавија намалување на 1,164 милиони барели дневно во текот на првата половина на наредната 2017 година и ќе се приклучат 11-те земји, кои ќе го намалат производството за уште 558.000 барели дневно. Така, вкупното намалување на производството на нафта ќе изнесува 1,7 до 1,8 милиони барели.

Министерот за енергетика на Русија којашто ја водеше групaте земји вон OPEC, Александр Новак изјави во саботата дека неговата земја ќе се придржува до обврските за намалувањето на производството за 300.000 барел. Според изјавите на другите учесници во договорот, Мексико ќе го намали производството за 100 илјади барели нафта дневно, Оман за 40.0000, Азербејџан за 35.000, Казахстан за 20.000. Намалувањето на другите 63.000 барели дневни се распределени меѓу Судан, Јужен Судан , Малезија, Екваторска Гвинеја, Брунеи и Бахреин.

Со договорот на OPEC се стави крај на повеќенеделната неизвесност и нестабилност на нафтените пазар, зголемувајќи ги цените на повеќе од 50американси долари првпат по еден месец.

Овој потег претставува и драматичен пресврт во односот на планот на Саудиска Арабија од 2014 година за преплавување на пазарот со нафта за да ги истисне од него конкурентите, особено американските произведувачи од шкрилци, а удар им беше зададен и на руските компании. Цените поради таквата стратегија паднаа од повеќе од 100 долари за барел во јуни 2014 година на под 30 долари претходно годинава, речиси најниското ниво во последните 13 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП