26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкинување на банкнотата од 500 евра

Укинување на банкнотата од 500 евра

500eur

Меѓу низата мерки против затајувањето данок кои се предлагаат (а засега не се усвоени) е и онаа за елиминација на банкнотите од 500 евра, една од последните банкноти со висока вредност кои се во оптек во светот.

Според студијата од страна на банката Merrill Lynch, таа банкнота претставуваат една третина од вредноста на банкнотите во оптек, односно околу 300 милијарди евра. Но многу малку од нив всушност се користат, а дури две третини од нив се депонирани во сефовите.

“Иако Европската централна банка не предвидува укинување на банкнотите од 500 евра, мислиме дека тоа треба да се направи”, се вели во студијата, а како причина се наведува тоа дека нивната употреба е во постојан пад.

Угледот на тие банкноти некое време е значително нарушен, а нивното отстранување ќе придонесе за борбата против затајувањето данок. Во Шпанија неофицијално е во оптек дури една четвртина од европските резерви на банкнотите со голема вредност и се популарно познати како “Бин Ладен” заради силната врска со светот на криминалот.

“Во 2006 година, Шпанската централна банка започна истрага за големиот број на банкноти од 500-евра во оптек во земјата”, вели Роберто Савијано, автор на книгата за мафијата “Гомора”. “Криминалните организации ги сакаат тие банкноти, бидејќи не заземаат многу простор. Во мал куфер со должина од 45 инчи може да се сместат до 10 милиони евра.”

Велика Британија затоа престана со нивно користење пред две години. Според едно локално истражување, 90 отсто од тие банкноти во Велика Британија завршувале во сомнителни раце. Во 2010 година фатена е група што се занимава со перење пари, на тој начин што полнеле кутии со житарици, а во секоја биле сместени околу 300.000 евра. Вкупниот износ на “испраните пари” изнесувал 26 милиони евра.

Банкнотата од 500 евра е една од последните банкноти со висока вредност во оптек во светот. Всушност, уште на времето претседателот Никсон ја укинал банкнотата од 500 долари, додека канадската банкнота од 1.000 долари беше укината во 2000 година.

Во студијата се предлага сите оние кои поседуваат износ над 10.000 евра во тие банкноти мора да го оправдаат легалното потекло на парите. А после одреден период, банкнотите со сомнително потекло и оние кои не се депонирани на сметките ќе се сметаат за добивка за Европската централна банка.

Меѓу другите бенефиции од укинувањето се наведува и намалувањето на девизниот курс што постојано го бараат извозниците од Европа, а со тоа ќе и се даде и нов економски замав на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП