7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку чини најдогиот тунел во светот

Колку чини најдогиот тунел во светот

tunel

Најдолгиот тунел во светот кој е изграден во Швајцарија со цел да овозможи подбра поврзаност помеѓу северниот и јужниот дел на Европа, во неделата е пуштен во употреба, објавија швајцарските железници.

Тунелот наречен GBT (Gotthard Base Tunnel) помеѓу Цирих и Лугано е долг 57 километри и минува низ планината Свети Готхард во Алпите.

„Божик е!“, рекол Андреас Мејер, директорот на швајцарската железница откако првиот патнички воз минал низ тунелот. Возот кој од Цирих тргнал во 06:09 часот во Лугано пристигнал во 08:17 часот.

Инаку овој тунел уште во јуни го отворија швајцарскиот претседател Јохан Шнајдер-Аман, во друштво на францускиот претседател Франсоа Оланд, премиерот на Италија Матео Ренци, германската канцеларка Ангела Меркел и австрискиот канцелар Кристијан Керн.

Изградбата на овој најдолг тунел во светот траеше 17 години, а вкупната цена изнесува речиси 11 милијарди евра.

Новиот коридор Рајна-Алпи го поврзува Северното море со Средоземното, од пристаништето во Ротердам до пристаништето во Џенова.

Секојдневно низ тунелот ќе минуваат 260 товарни возови со брзина од 100 километри на час и 65 патнички возови кои ќе можат да се движат со брзина до 200 километри на час.

По овој тунел најдолги во светот се јапонскиот Сеикан (53,9 километри) и тунелот под Ла Манш помеѓу Франција и Велика Британија (50,5 километри).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП