17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаградени најдобрите со „Твитер награди“

Наградени најдобрите со „Твитер награди“

bbb

Во саботата во кино Култура се одржа завршната церемонија на петтите по ред „Твитер награди“ каде беа наградени најдобрите во деветнаесет категории.

И оваа година Македонски Телеком ја награди акцијата „Ретвитни оброк“, која почна како мала волонтерска иницијатива на Твитер заедницата за готвење топли оброци за бездомниците. За само една година Ретвитни оброк од 10, стигнаа до бројка од 200 оброци неделно, за најранливата група на граѓани.

abb

Твитер заедницата од година за година креира вистински импакт врз јавност, а иницијавите како што е „Ретвитни оброк“, стануваат се помасовни и успеваат да направат вистинска разлика во животот на ранливите групи на граѓани.

Најдобрите за 2016 се:

  • Најкомпанија/организација на твитер –  @Zlatna_kniga
  • Најтаг за 2016 #РетвитниОброк
  • Најдобар дизајнер @0majgad
  • Најдобра твитерџиKA – @MajkaNaZmejovi
  • Tвитерџија кој оваа година најмногу напреднал од стартот
    на неговата твитерџиска кариера – @SuperExtraBonus
  • Најдуховит твитерџија/ка – @NoLuckMakedonec
  • Највлијателен твитерџија/ка – @Mile_Panika
  • Најдобар твит во 2016 – @SuperExtraBonus
  • Риплај на годината – @Rebrendiran
  • Најдобар твитерџија/ка кој почнал да твита во 2016 година – @DajMuNaChovekot
  • Tвитерџија/ка кој e најкорисен и кој е вистинска вредност – @A_Golejska
  • Најдобар сајт на Твитер – @mojomk1
  • Твитерџија со најдобро селфи на годината 2016 – @Muarko
  • Најдобар диџеј на тајмлајн – @DJGoce
  • Најдобар твитерџија/ка во #третасмена #tretasmena – @TheTetka
  • Најдобар аватар(и) @Ref
  • Најдобра апликација од Македонија за 2016 – MojVozduh
  • Најактивен твитерџија од дијаспората – @FStojanovski1
  • Кампања на годината #РетвитниОброк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП