3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТутунарите задоволни од откупната цена на тутунот

Тутунарите задоволни од откупната цена на тутунот

tutun

Овогодинашната реколта на тутун може да се прогласи за успешна со откупени 6040 тони тутун заклучно со 3 декември, што е за над 30 отсто од очекувањата и достигна просечна цена од 190,15 денари за килограм.

Како што се оценува, годинашната реколта тутун е со исклучително добар квалитет и се очекува таа да резултира со откупени 20.000 тони тутун. Договор за откуп потпишале 10 претпријатија, а крајниот рок за почеток на откупот е 15 декември.

Право на откуп има секое претпријатие кое претходно обезбедило средства за таа намена, а имајќи го предвид високиот квалитет на годинашниот род, интересот за откуп на “жолтото злато” е многу голем.

Прилепските тутунари се задоволни од откупната цена постигната за оваа година и од обезбедените субвенции од 60 денари за килограм.

Просечната цена за откуп на тутунот во земјава во моментов изнесува 190,15 денари, но дел од тутунарите рекоа дека постигнале цена од 196 денари и оти очекуваат таа да достигне и над 200 денари.

Лани на ниво на Македонија биле произведени 20 милиони килограми тутун. Годинава иако откупувачите планирале над 22 милиони килограми, се проценува дека ќе бидат произведени околу 18 милиони килограми тутун. Просечната откупна цена на државно ниво беше 190 денари плус субвенциите од 60 денари за килограм.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП