18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОHandball-planet: Лазаров најдобар десен бек, Хансен играч на годината

Handball-planet: Лазаров најдобар десен бек, Хансен играч на годината

kire

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, играчот на Барселона, Кирил Лазаров е најдобриот десен бек во светот во 2016 година, во изборот на реномираниот ракометен портал Handball-palnet.com.

Handball-planet, традиционално на крајот од годината го избира идеалниот тим и најдобриот играч во светот. За 2016 година најдобар на позицијата десен бек е Кирил Лазаров, кој до признанието дојде во конкуренција на Ласло Наѓ (Веспрем), Алекс Душебаев (Вардар) и Кшиштов Лијевски (Кјелце).

Играч на годината е левиот бек на ПСЖ, Данецот Микел Хансен, тој на тронот го наследи соиграчот Никола Карабатиќ кој признанието го добиваше во 2014 и 2015 година.

Иделаниот тим за 2016 го формираа, голамнот на Кил Андреас Волф, десното крило на Кјелце Тобијас Рајхман, десниот бек на Барселона Кирил Лазаров, потоа средниот и левиот бек на ПСЖ Никола Карабатиќ и Микел Хансен, левото крило на ПСЖ Уве Генсхајмер и пикерот на Кјлеџе Хулен Агинагалд.

За дефанзивец на годината е прогласен ракометарот на Барселона Виран Мороз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП