3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕЦБ го одби продолжувањето на рокот за стабилизирање на Monte dei Paschi...

ЕЦБ го одби продолжувањето на рокот за стабилизирање на Monte dei Paschi di Siena

siena3994

Европската централна банка (ЕЦБ) го отфрлила барањето на италијанскиот кредитор „Banca Monte Dei Paschi di Siena“ за обезбедување на повеќе време за собирање на потребниот свеж капитал.

На овој начин останува отворена единствената можност за нејзино спасување преку државна интервенција.

Третиот по големина кредитор во Италија побарал од ЕЦБ дозвола за продолжување со неколку недели на рокот во кој треба да се обиде да собере дополнителен капитал преку издавање на акции во износ од 5 милијарди евра.

Целта на оваа операција е да се избегне изложувањето на загуби од страна на акционерите на банката, како што се бара според новите правила на Европската унија за спасувања поврзани со финансиски институции.

Единствениот надзорен механизам (ESM), кој е во привилегиите на Европска централна банка, покажува надзор на околу 130 од најголемите кредитори во еврозоната.

Како резултат на ова одбивање, банката едвај ќе има доволно време да го оствари зголемувањето на капиталот преку приватно пласирање на акции на еден или на повеќе големи инвеститори. Од своја страна, тоа ја остава државната интервенција како единствена опција за спасување на банкарската институција.

Треба да се има предвид дека пред една недела Италијанците го отфрлија референдумот за уставни реформи, што предизвикаа оставката на премиерот Матео Ренци, и доведува до владина криза.

Ова ги натера потенцијалните инвеститори како од Катар и инвестициските фондови од САД инвестициски фондови, кои во минатото покажуваа интерес за акциите на „Banca Monte Dei Paschi di Siena“, да се откажат од потенцијална зделка.

Веста го продлабочи денешниот притисок од продажба во банкарскиот сектор, па акциите на „Banca Monte dei Paschi di Siena“ поевтинија со околу 10%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП