7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија, Украина и ЕУ не постигнаа договор за испорака на руски гас...

Русија, Украина и ЕУ не постигнаа договор за испорака на руски гас на Киев

gas339933

Украина не може да купува гас од „Газпром“ без дополнителен договор (кон договорот од 2009-та година), а такво не е потпишано, објави шефот на „Нафтогас“, Андриј Коболев, цитиран од „ТАСС“, по трилатералната средба ЕУ-Украина-Русија во Брисел.

Русија, Украина и ЕУ не се потпишале никакви документи на преговорите во Брисел, соопшти Коболев пред новинарите.

„Не потпишавме. За жал денес не успеавме да постигнеме договор“, рече тој.

Трилатералниот состанок за гасот заврши, Украина е подготвена да купи од Русија од 1,5 до 4 милијарди кубни метри гас, соопшти претходно рускиот министер за енергетика Александар Новак.

Новак истакна дека „Газпром“ е подготвен да и обезбеди гас на Украина и дека Москва и Киев немаат несогласувања по цената на гасот.

Рускиот министер му предал на европскиот комесар за енергетската унија, Марони Шефчович писмо во врска со антимонополната истрага на Украина, во која Русија изразува длабока загриженост од казната во вредност од 6,6 милијарди евра и смета дека тоа е нелегално.

Новак исто така, рече дека напишал писма до енергетските компании во земјите кои имаат потреба на руски гас во врска со казната за „Газпром“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП