2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Коj е најпочитуваниoт технолошки лидер?

График на денот: Коj е најпочитуваниoт технолошки лидер?

ilkon-99

Во секоја генерација од технолошките претприемачи има неколку забележителни лица кои инспирираат стотици други, било да е тоа заради нивната визија, заради нивниот успех или едноставно поради нивната неподготвеност да прифатат пораз, коментира „Statista“.

Во поголемиот дел од последните две децении Стив Џобс беше слична фигура за многу амбициозни бизнисмени. До денес основачот и долго време извршен директор на „Apple“, кој почина во 2011-та година, беше почитуван заради неговата креативност, достигнувањата и упоритоста да го прави она во што верува.

Меѓутоа, во последните години, друг претприемач од Силиконската долина си изгради репутација слична на онаа на Џобс. Почнувајќи од проекти кои други ги сметаа за невозможни, на пример револуција на автомобилската индустрија или идното колонизирање на Марс, Илон Муск се утврди како еден од најкреативните мислители на нашето време.

Според една неодамнешна студија, овластена од фондот за ризичен капитал „First Round Capital“, главниот извршен директор на „Tesla“ и на „SpaceX“ е најпочитуваниот технолошки лидер меѓу останатите претприемачи веќе втора година по ред. А како што покажува графиконот, Муск има сериозна предност пред Џеф Безос, Марк Цукерберг и Стив Џобс, кои се на второто, третото и четвртото место.

ilkon-991

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП