5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПреку анализа на вашите способности подобрете ги слабите страни

Преку анализа на вашите способности подобрете ги слабите страни

woman-computer

Многу е напишано за развивањето на вашите силни страни и игнорирање на сопствените слабости, за да станете поуспешна личност. Секој има одредена слабост, а за да се достигне некоја цел, ние ви препорачуваме да им оставите простор на вашите силни страни да дојдат до израз и со тоа да ги компензирате слабостите.

На пример, ако многу работите, а не сте организирани, покажете дека можете да работите додека се принудувате самите да бидете поорганизирани. Но пред сето тоа да се случи, вие треба да се оцените себеси.

Вие може да се оцените во следните категории:

Амбиција – дали имате одредени цели и план како да ги достигнете?

Самоувереност – дали го знаете квалитетот на вашата работа? Дали имате вештини и капацитет да ги остварите?

Организираност – дали сте добро организирани?

Енергија – дали имате се што ви е потребно за да работите се додека не ја завршите работата?

Лидерство – дали може да ги мотивирате другите кон една заедничка цел?

Превземање ризици – дали знаете кога е паметно да се превземат ризици? Дали сакате да излезете од вашата комфорна зона?

Скромност – дали сте доволно понизни да ја превземете одговорноста кога нешто ќе тргне погрешно?

Одговорете ги овие прашања и оценете кои се вашите силни и слаби страни. Вие исто така може да ги искористите вашите пријатели, соработници како и вашата фамилија за да ви помогне да ги идентификувате вашите силни и слаби страни. Еднаш кога ќе ги идентификувате, вие може да направите план како да работите на себе и како да успеете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП