15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоследниот трговски ден од неделава со пад на индексот МБИ10

Последниот трговски ден од неделава со пад на индексот МБИ10

mk-berza

Последниот трговскиот ден седмицава беше одбележан со вкупен промет од 4.927.500,46 денари и промена на вредноста на индексот МБИ-10 за -5,13 индексни поени, и конечен пад од 0,26 отсто.

Вкупно се тргуваше со 17 акции, од кои на листата по најголем промет од околу 1,5 милиони денари се впиша акцијата на Комерцијална банка АД Скопје.

Беа истргувани количина од 509 акции по просечна цена од 2.952,89 денари преку 12 трансакции.

Со Обврзниците за денационализација РМДЕН15 во петокот имаше една трансакција, која го помести индексот ОМБ во негативна територија за -0,16 отсто, и заврши на вредност од 127,28 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП