3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлавниот „мотор“ на Европа на пат да оствари раст поголем од очекуваниот

Главниот „мотор“ на Европа на пат да оствари раст поголем од очекуваниот

1761722710584abfb781537138884782_w640

Најголемата европска економија, Германија, на пат е да оствари поголем раст од очекуваниот во 2016 и 2017 година, соопшти германската централна банка Бундесбанк.

„Клучниот двигател на Германија е силната домашна побарувачка, која поттикнува поволна ситуација на пазарот за труд и растечките приходи на домќинствата“, се наведува во соопштението на претседателот на Бундесбанк, Јенс Вајдман, пренесува Франс прес.

Бруто домашниот производ (БДП) на Германија би требало да порасне за 1,8 проценти во 2016 и 2017 година, предвидува банката, што се поголеми проекции во однос на претходно прогнозираниот раст од 1,7 проценти за оваа година и 1,4 проценти за наредната година.

Бундесбанк, сепак, предупреди дека растечките цени на енергентите во иднина ќе го намалат износот на расположливи средства на потрошувачите.

Кога станува збор за 2018 година, економскиот раст на Германија ќе забави на 1,6 проценти, а во 2019 година на 1,5 проценти, додека растечките трошоци за труд и енергенти ќе ја зголемат инфлацијата во 2017 година, предвидува Бундесбанк.

Централната банка, исто така, укажа на потенцијалните ризици од забавувањето на кинеската економија, излезот на Велика британија од Европската унија и неизвесните економски политики на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, наведува агенцијата АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП