3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата зајакнаа втор ден по ред

Цените на нафтата зајакнаа втор ден по ред

oil-extraction33

Цените на нафтата порасна во петок на меѓународните пазари, втор ден по ред, заради оптимизмот дека производителите надвор од ОПЕК ќе се придружат на настојувањата на Организацијата за ограничување на производството.

На лондонската берза цената на барелот во претпладневното тргување зајакна 12 центи на 54,01 долари. Во Њујорк барелот се тргуваше за 32 центи повисока цена, од 51,16 долари.

Претставниците на земјите членки на ОПЕК ќе се сретнат во сабота во Виена со производителите надвор од тој картел, за да побараат нивна помош во решавањето на глобалната презаситеност.

ОПЕК во одвоен извештај објави дека цената на барелот на неговата референтна кошничка во четврток изнесувала 50,04 долари, што е 18 центи помалку во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП