3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОртега затајувал данок во висина од над половина милијарда евра?

Ортега затајувал данок во висина од над половина милијарда евра?

amancio-ortega3333

Европската комисија ќе ја разгледа шемата која ја користи Inditex, матичната компанија на „Zara“, кој на сопственикот му помогнала да одбегне плаќање данок во висина од 585 милиони евра.

Шемата е разоткриена во извештајот на групата на Зелените од Европскиот парламент, пренесе во петок, бриселскиот портал Euractiv.com.

Групата Inditex, која ги вклучува брендовите Zara, Bershka, Pull & Bear, Massimo Duti, е во сопственост на Армансио Ортега, втор човек по богатство во светот според магазинот Forbes.

Како што се наведува, Inditex, користел техники за избегнување данок на добивка така што данокот, место во земјите со висока стапка на данок, како Шпанија и Франција, се плаќал во земјите со пониски стапки, првенствено Холандија, Ирска и Швајцарија.

Извештајот покажал дека меѓу 2011 година и 2014 година Шпанија изгубила 218 милиони евра данок од Зара, Франција 76 милиони, Италија 57 милиони, Германија 25 милиони, Британија 22 милиони, Грција 20 милиони, Белгија 18 милиони, а Австрија 6 милиони.

Зелените сметаат дека даночната стратегија која ја користат „Zara“ и другите корпорации, иако е легална, отвора сериозно прашање дали групата која стои зад „Zara“ плаќа данок и таму каде што тргува.

Европската комисија ќе ги испита наводите од извештајот, вели портпаролката на ЕК за финансиски услуги, даноци и царини Ванеса Мок.

Претходно, Комисијата увиде дека и компаниите Starbucks, Apple и Fiat добивале нелегална државна помош во вид на даночни олеснувања. Истрага се води и за McDonald’s и за Amazon.

Индитекс порекнува дека направиле грешка, па соопштија дека Зара платила повеќе од 4,4 милијарди евра данок на добивка меѓу 2011 и 2014 година, според стапки во просек меѓу 22 и 24 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП