28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот извоз се враќа, но со побавно од очекуваното темпо

Германскиот извоз се враќа, но со побавно од очекуваното темпо

terminal3-399

Германскиот извоз се враќа во октомври, но со побавно oд очекуваното темпо, соопштува „Ројтерс“. Така податоците ги урнаа надежите дека извозот ќе има значаен придонес за прогнозираната експанзија на најголемата европска економија во последниот квартал од годината.

Извозот од Германија бележи раст со 0,5% на месечна основа во октомври, покажуваат сезонски прилагодените податоци на федералната служба за статистика „Destatis“. Увозот расте со 1,3 отсто.

Извештајот го нагласува трендот за слабеење на извозот, кој ја губи својата традиционална улога како главен мотор на растот во Германија.

Економистите интервјуирани од „Ројтерс“, очекуваа раст од 1% на извозот и од 0,9% на увозот.

Скокот во увозот го намалува трговскиот суфицит од 21,1 милијарди евра во септември до 20,5 милијарди евра во октомври. Анкетираните експерти очекуваа вредност од околу 21,5 милијарди евра.

Извозот во септември е ревидиран надолу, а падот му изнесува 1%, а не 0,7%, што беше првичната проценка.

Во последните 12 месеци извозот од Германија речиси стагнира, а на месец расте во просек за 0,1% во позадина на историскиот среден стандард од 0,3 отсто.

„Гледајќи напред, слабоста на фунтата и можните протекционистички политики на новиот претседател на САД, Доналд Трамп нема да влијаат добро на германскиот извоз“, вели Карстен Бжески, економист од „ING“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП