3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ги доби назад парите од Бугарија за нуклеарката Белене

Русија ги доби назад парите од Бугарија за нуклеарката Белене

aec_belene

Бугарската национална електроенергетска компанија (НЕК ЕАД) во петокот целосно го исплати долгот кон руската компанија „Атомстројекспорт“ по одлуката Меѓународната трговска комора во Женева во врска со проектот за нуклеарната централа „Белене“, објави руската државна корпорација „Росатом“.

Според одлуката на судот, донесена на 14-ти јуни 2016 година споменатиот арбитражен суд сумата којашто бугарска НЕК треба да ѝ ги исплати на „Атомстројкеспорт“ изнесува 601,6 милиони евра.

Руската страна била задоволна од прифаќањето на НЕК да го исплати долгот во целосен обем и во предвидениот рок, според потпишаниот договор меѓу двете компании од 26-ти октомври, соопшти руската државна компанија.

Притоа заменик генералниот директор на „Росатом“, Кирил Комаров, истакнува дека во периодот по одлуката на арбитражниот суд „бугарската страна покажала одговорен пристап кон ова прашање и се етаблира како сигурен деловен партнер“.

„Русија и Бугарија ги поврзува долгорочната успешна соработка во нуклеарната сфера и нормализација на односите во рамките на решението на Арбитражниот суд за централата Белена отвораат нови перспективи за реализација на заеднички проекти во иднина“, се вели во писмената изјава на Комаров.

Бугарија, која е членка на Европската унија и на НАТО, е под голем притисок од Брисел и Вашингтон да ја намали својата енергетска зависност од Русија. Но тоа ја доведе земјата во незавидна состојба, бидејќи другиот нуклеарен проект „Козлодуј“ не може да биде остварен откако американскиот партнер објави дека не учествува во него.

Во 2008 година Бугарија потпиша договор со „Атомстројекспорт“ за градење два реактора од илјада мегавати во гратчето Белене на Дунав. Под притисокот Софија се откажа по четири години, откако не успеа да најде западни инвеститори за проектот проценет на меѓу 6,5 милијарди евра.

Русија инаку во 2012 година на милијарда евра го зголеми отштетното барање против Бугарија поради откажувањето на договорот со кој изградбата на новата нуклеарна централа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП