3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија е под закана од скок на цените на храната без работниците...

Британија е под закана од скок на цените на храната без работниците од ЕУ

hrana300033

Велика Британија ќе се соочи со повисоки цени на храната без работниците од другите европски земји, пишува „ББС“, повикувајќи се на официјалното предупредување на 30 здруженија за храна и пијалоци на Островот.

Во писмото објавено во „Guardian“, тие тврдат дека работниците од Европската унија (ЕУ), играат важна улога во синџирот на снабдување. Некои од нив веќе почнуваат да си заминуваат. Со писмото организациите ја повикуваат владата да предложи „недвосмислено успокојување“ за правото на овие луѓе да останат да работат во земјата.

Околу четири милиони луѓе во Велика Британија се вработени во различни сфери за продажба на храна и пијалоци. Во производството на храна малку под една третина од работниците се од ЕУ.

„Работниците од ЕУ, од кои некои веќе ја напуштаат Британија, играат значајна улога во обезбедувањето на пристапни цени и висококвалитетни храна и пијалоци. Владата треба да предложи недвосмислено успокојување за работниците од ЕУ во целата наша околина. Во подолг рок е важно да се признае дека овие работници се високо флексибилни и обезбедуваат суштински „резервоар“ на специјалисти, полуквалифицирана и неквалификувана работна сила“, се вели во писмото.

Трговските асоцијации исто предупредуваат дека безбедноста на храната на земјата е во опасност, а и дека многу работници си заминале уште по „Brexit“ и падот на фунтата. Тие повикуваат значењето на индустријата да биде признаено за „фактор во економската и физичката благосостојба“ на земјата и инсистираат таа да се третира рамноправно со финансискиот и автомобилскиот сектор.

Многу често компаниите треба да бараат во странство прехранбени инженери и други работници, бидејќи нема доволно кадри во земјата. Фармите се потпираат и на неквалификувани работници кои доаѓаат од други делови на ЕУ.

„Ние едноставно не можеме да најдеме луѓе во Велика Британија, за да ја вршат работата“, изјави директорот на „Nestle“, Фиона Кендрик, која е и претседател на Федерацијата на храна и пијалоци.

Извозот на храна и пијалоци од Велика Британија е во вредност од 18 милијарди фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП