1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ: Намалувањето на девизните резерви е резултат на раздолжувањето на Република Македонија...

НБРМ: Намалувањето на девизните резерви е резултат на раздолжувањето на Република Македонија кон меѓународните кредитори

nbrm

Народната банка на Република Македонија излезе со појаснување за кое претходно беше објавено дека драстично се намалени девизните резерви на државата.

“Намалувањето на девизните резерви во најголем дел е резултат на раздолжувањето на Република Македонија кон меѓународните кредитори и намалување на севкупниот долг на Република Македонија, нешто што веќе беше најавено и од Министерството за финансии. Дополнително, беа вратени достасани девизни депозити на домашните деловни банки пласирани во Народната банка во периодот од мај 2016 година наваму”, се вели во соопштението.

Станува збор за планирани активности, при што девизните резерви остануваат на солидно високо ниво од над 2,55 милијарди евра, или 349 милиони евра повеќе од состојбата пред една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП