2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас им вети на грчките пензионери 13-та пензија

Ципрас им вети на грчките пензионери 13-та пензија

150212125426_alexis_tsipras_grecia_crisis_624x351_getty

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека ќе подели 617 милиони евра на 1,6 милиони пензионери во форма на 13-та пензија, која во просек ќе изнесува по 380 евра на пензионер, пренесуваат грчките медиуми.

Оваа одлука на грчкиот премиер беше искритикувана од страна на грчките медиуми, кои сметаат дека со овој потег Ципрас, сака да подготви терен за евентуали предвремени избори.

Од весникот „Вима” потсетуваат дека премиерот го следи примерот на претходниот премиер Андонис Самарас, кој во 2014-та година постапи на истиот начин, обидувајќи се да омилостиви дел од електоратот, изјаснувајќи се против политиката на штедење.

Од „Нова демократија“ го обвинија Ципрас дека се обидува да ги измами пензионерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП