3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови рекорди достигнаа индексите на Wall Street

Нови рекорди достигнаа индексите на Wall Street

wall-street-binary-options

На Wall Street вчера цените на акциите пораснаа, при што Dow Jones, S&P 500 i Nasdaq индексот достигнаа ново највисоко ниво во историјата, како последица на континуираниот пораст на пазарот од победата на Доналд Трамп на преседателските избори.

Dow Jones забележа скок од 0,33 отсто, на 19.614 бодови, додека S&P 500 порасна за 0,22 отсто, на 2.246 бодови, Nasdaq индексот се зајакна за 0,44 одсто, на 5.417 бодови.

Рекордното ниво на индексите е благодарение на зголемувањето на цените на акциите во повеќето од 11-те најзначајни сектори на S&P индексот, при што најголем скок од 0,9 отсто има во финансискиот сектор.

Овој континуиран пораст на цените е поттикнат од победата на Трамп на изборите на 8-ми ноември, и неговите ветувања за намалување на даноците, зголемување на фискалната потрошувачка и лабавата регулатива во одредени сектори.

“Идејата дека даноците ќе бидат намалени и лабавата регулатива не само што поттикнува оптимизам, исто така, е основа за забрзан раст на економијата”, изјави Баки Хелвиг, заменик претседателот на фондот BB&T Wealth Management.

Дури и сега сите последни податоци укажуваат на забрзување на растот на најголемата економија во светот, па инвеститорите не се загрижени ни поради зголемување на каматните стапки на американската централна банка FED, кои се очекуваат наредната недела.

И на европските берзи, цените на акциите се во подем. Лондонскиот FTSE индекс се зголеми за 0,42 отсто, на 6.931 бод, додека франкфуртскиот DAX скокна 1,75 отсто, на 11.179 бодови, а парискиот CAC 0,87 отсто, на 4.735 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП