1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолем пад на државните девизни резерви

Голем пад на државните девизни резерви

Viele Euro Geldscheine

Според последниот статистички извештај на Народна банка регистриран е пад на вредноста на девизните резерви. Нивото на државни девизни резерви во ноември годинава изнесува 2,551.4 милијарди евра, споредено со октомври годинава кога изнесувале 2,729 милијарди евра при што се покажува намалување од 177,6 милиони евра.

На крај на ноември вредноста на ставката валути и депозити во НБРМ е 150,5 милиони евра. Во октомври вредноста на валутите и депозитите изнесувала 312,1 милиони евра. Вредноста на странските хартии од вредност во кои се чуваат македонските девизни резерви на крај на ноември изнесувала 2,147.7 милијарди евра и се пониска од октомври за 6,4 милиони евра.

Во ноември е забележан и пад кај вредноста на монетарното злато за 9,7 милиони евра. На крајот на ноември монетарното злато достигна вредност од 248,3 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП