2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина е најкорумпирана земја во Европа

Украина е најкорумпирана земја во Европа

eu-ukrajina

Украина е најкорумпирана земја во Европа, антикорупциските реформи не дадоа никакви резултати, наведува Европскиот ревизорски суд.

Поддршката на ЕУ за Украина имаше ограничено влијание, без оглед на поттикот од реформите, резултатите се слаби, се наведува во соопштението.

Сивата економија во значителна мера негативно влијае на приходниот дел од државниот буџет на Украина.

Еден од заклучоците е дека тајкунските кланови и понатака имаат доминантно влијание на економијата, политиката и медиумите во Украина.

Експертите ја оценуваа активноста на Киев во сферата на управување со државните финансии и борбата против корупцијата од 2007 година до 2015 година.

Анализиран е и гасниот сектор – експертите се обидоа да установат колку била ефикасна помошта од Европската комисија и Европската надворешно-трговска служба насочена на поддршката на реформите во Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП