18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ до Италија: Без оглед на референдумот, продолжете понатака

ММФ до Италија: Без оглед на референдумот, продолжете понатака

184593072658498fd9598e8709755354_w640

Меѓународниот монетарен фонд ја повика Италија да продолжи со своите економски реформи, и покрај референдумот чии резултати доведоа до оставка на премиерот Матео Ренци.

„И покрај одлуката за отфрлување на уставните промени кои ги предложи премиерот, за Италија е важно да ги продолжи економските реформи и да ја подобри перспективата за подобар економски раст“, се наведува во соопштението.

Оставката на Ренци, по само две ипол години на функцијата, отвата период на политичка и економска неизвесност во Италија, а делумно и во Европската унија (ЕУ), по одлуката на Велика Британија да излезе од членството на ЕУ.

Италија со години се мачи со слабиот раст. Владата на премиерот Матео Ренци ги покрена економските реформи, но успехот беше ограничен.

Долгиот период на низок раст го зголеми бројот на лоши кредити, што го напрегна финансискиот систем. Нискиот раст оваа година исто така ќе го отежне намалувањето на големиот долг на Италија кој изнесува 135 проценти од бруто домашниот производ, што е втор најголем долг во еврозоната, зад грчкиот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП