5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСенатот одобри солидни трошоци за одбрана на САД

Сенатот одобри солидни трошоци за одбрана на САД

artikl30

Американскиот Сенат го одобри воениот буџет на САД во износ од 618,7 милијарди долари, соопшти „Reuters“. Во минатата недела документот помина и во Претставничкиот дом. Сега законот треба да биде потпишан или вратен од претседателот Барак Обама.

Од администрацијата на американскиот претседател се уште не коментираат дали текстовите ќе бидат поддржани. Ако биде наметнато вето сепак, законот може да биде потпишан од Доналд Трамп, откако ќе стапат во сила неговите овластувања на 20-ти јануари 2017-та година.

Буџетот за одбрана за 2017-та година е во износ од 618,7 милијарди долари, односно нема раст во однос на парите во оваа година. Платите за вработените сепак се зголемуваат за 2,1%, што е најголем пораст во последните шест години.

САД ќе додели помош до 500 милиони долари воена помош за Украина. Предвидени се и 3,4 милијарди долари поддршка за Европа и подобрување на подготвеноста на САД и НАТО за „сопирање и, ако е потребно, одговор на руската агресија“, е запишано во проектот на законот објавен на страницата на Сенатот.

1,3 милијарди долари ќе бидат одвоени за финансирање на напорите за борба со ИСИС, вклучувајќи програми за „учење и опременување“ во Ирак и Сирија, како и операции за подобрување на безбедноста на границите со Јордан и Либан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП