4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСите бегаат, само McDonald's се сели во Британија

Сите бегаат, само McDonald’s се сели во Британија

74165151358498aef0748b890442803_w640

Американскиот ланец на ресторани за брза храна „McDonald’s“ соопшти дека своето даночно седиште за најголем дел од работењето кое се одвива надвор од САД, ќе го пресели во Британија од Луксембург.

Ваквата одлука доаѓа откако Европската комисија ја отвори истрагата по повод данoчните повластици кои таа компанија ги доби од Луксембург.

Како што известува агенцијата Блумберг, „McDonald’s“ ќе основа нова холдинг компанија со седиште во Велика Британија, која во јуни одлучи да ја напушти Европската унија.

Новата компанија ќе биде задолжена за собирање на франшизни надоместоци надвор од САД и остварениот профит ќе биде оданочен во склад со британските корпоративни даноци, соопшти од оваа компанија.

ЕУ ја отвори истрагата по повод даночните аранжмани на „McDonald’s“ и Луксембург, откако беше откриено дека таа компанија преговарала за уште пониски даночни стапки со таа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП