17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПристанишните работници во Грција го продолжија штрајкот

Пристанишните работници во Грција го продолжија штрајкот

5465317d-4ef4-4a9a-9b3f-6687cbabe3c5_cx0_cy10_cw0_w987_r1_s_r1

По најавата на пристанишните работници во Грција дека штрајкот ќе биде продолжен до недела наутро, фериботите и товарните бродови ќе останат во пристаништата. Овој штрајк беше започнат минатата недела поради барањето на кредиторите на земјата за зголемување на даночното оптоварување во поморскиот транспорт.

Министерот за поморска флота и островска политика, Панајотис Курумблис увери дека нема да има промена во даночниот режим за морнарите ниту за оваа, ниту во годините кои следат, пренесуваат грчките медиуми.

Последиците од штрајкот веќе започна да се чуствуваат особено на грчките острови каде почна да се јавува недостиг на храна и медикаменти. Исто така и фармерите се незадоволни и се закануваат да го тужат синдикатот на морнарите, бидејќи нивното земјоделско производство стои по пристаништата и не може да биде транспортирано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП