21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно

soobrakaj

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП