7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPlayStation 4 достигна продажба од 50 милиони примероци

PlayStation 4 достигна продажба од 50 милиони примероци

ured-ps-00

„Sony Corp.“ објави дека продажбата на конзолата „PlayStation 4“ надмина 50 милиони примероци до 6-ти декември оваа година, потпомогната од побарувачката на крајот на годината поради божиќните празници, пренесува „Ројтерс“.

„PlayStation 4“, која се појави на пазарот во крајот на 2013-та година, е најбрзо продавана конзола на „Sony“.

„Навистина сме среќни дека заедницата околу „PS4“ продолжува да се шири од претставувањето на конзолата пред три години“, коментира претседателот и извршен директор на „Sony Interactive Entertainment“, Ендру Хаус, цитиран од „The Tech Portal“.

Тој вети дека компанијата ќе продолжи да поднесува најдобро искуство поврзано со игри. Покрај тоа, компанијата ќе се фокусира на развивање на екосистемот околу „PlayStation 4“.

Неодамна „Sony“ објави нова верзија на „PlayStation 4“ наречена „PlayStation 4 Pro“, која чини 400 долари. Тоа е најмоќната конзола која компанијата ја има досега претставено. Новиот уред е поголем од претходниот модел, има ист оперативен систем и ги поддржува истите игри и апликации, но е насочена кон сопствениците на „4K“ телевизори кои бараат повисока резолуција и графика.

Вчера „Sony“ најави дека во наредната фискална година ќе пушти на пазарот уште шест мобилни игри, надевајќи се дека нејзините франшизи ќе го повторат успехот на „Pokemon Go“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП