Акцијата на Прилепска пиварница Прилеп, во среда, беше единствена акција со промет од 1.641.500 денари, реализирани преку една трансакција со истргувани вкупно 49 акции по просечна цена од 33.500 денари, што придонесе до пад на вредноста на акцијата од 1,47 отсто.
Вкупниот промет на Македонската берза изнесуваше 6,5 милиони денари, остварени преку педесет и две трансакции и притоа се истргува количина од 4.037 акции.
Индексот МБИ-10 остана речиси непроменет, забележа раст од само 0,06 отсто и заврши на вредност од 2.209,82 индексни поени. Индексот ОМБ поради тоа што немаше трансакција со обврзниците остана на претходната вредност.
Листата на губитници ја предводеше акцијата на Солун Гевгелија, со пад од -19,92 отсто , а по неа акцијата на ТТК Банка АД Скопје со пад од -6,16 отсто. Листата ја продолжија и акциите на Скопски пазар АД Скопје, Уни Банка, и Бетон Скопје со пад на вредноста од нешто под -3 отсто.