26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија апсолутен шампион, Хрватите и Словенците во топ 10

Романија апсолутен шампион, Хрватите и Словенците во топ 10

10687423245848042bac7ee999086131_w640

Романија со растот на бруто домашниот производ (БДП) во третиот квартал од оваа година од 4,6 проценти е шампион меѓу членките на Европската унија.

Зад неа е Бугарија со стапка на раст од 3,4 проценти, според најновите податоци на европската статистичка служба Евростат.

Третото и четвртото место го делат Шпанија и Словачка кои во третиот квартал забележале економски раст од по 3,2 проценти на годишно ниво, објави Еуростат.

Словенија е петта со економска експанзија од 3 проценти, пред Шведска и Кипар кои регистрираа раст на БДП од по 2,8 проценти, додека на осмата позиција е Хрватска со раст од 2,7 проценти на годишно ниво.

Листата со првите 10 земји членки на ЕУ според растот на БДП завршува заклучно со Холандија, чија економија порасна за 2,4 проценти на годишно ниво и Велика Британија со 2,3 проценти.

БДП на еврозоната во третиот квартал забележа раст од 0,3 проценти во однос на претходниот квартал, додека на годишно ниво е зголемен за 1,7 проценти.

Истовремено, економијата на 28-те членки на ЕУ во извештајниот квартал порасна за 0,4 проценти на квартално ниво, а на годишно за 1,9 проценти, објавија на сајтот на Еуростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП