28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШефот заминува, Starbucks отвора 12.000 кафетерии

Шефот заминува, Starbucks отвора 12.000 кафетерии

Starbucks-Sign

Американската компанија „Starbucks“ соопшти дека планира во текот на наредните пет години да отвори уште 12.000 кафетерии.

Со тоа, вкупниот број на кафетерии на овој ланец ширум светот ќе биде зголемен за речиси 50 проценти.

Компанијата со седиште во Сиетел обелодени пред една недела дека Хаувард Шулц, кој од „Starbucks“ направи светски бренд со 25.000 локации во текот на 30 години работа, се повлекува од местото генерален директор во април идната година.

Шулц, кој ќе биде извршен претседател на компанија, a на местото на генерален директор ќе го замени Кеин Џонсон, а од кога беше соопштено тоа акциите на „Starbucks“ паднаа за околу два проценти.

Шулц потенцираше дека нема апсолутно да го напушти „Starbucks“, додавајќи дека планира да го следи развојот на новите кафетерии на оваа компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП