4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКазни за оние кои нема да исплатат К15 или ги побараат парите...

Казни за оние кои нема да исплатат К15 или ги побараат парите назад!

denari-33004

31-ви декември е крајнот рок до кој приватниот сектор треба да го исплати регресот за годишен одмор односно К-15, потсетуваат од ССМ.

Од таму велат дека регресот за годишен одмор се исплаќа во висина од најмалку 40 проценти од основицата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во годината кај ист работодавач.

Според законот, за работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат парите предвидена е глоба од 1000 до 4000 евра, но и затворска казна до една година.

Од ССМ потсетуваат дека со колективен договор на ниво на дејност или на ниво на работодавач може да се исплати регрес за годишен одмор поголем од утврдениот со Општиот колективен договор, додека оние фирми кои имаат потешкотии во работењето во консултација со синдикатот на ниво на гранка може да утврдат исплата на К-15 во помал износ.

Спогодбата за измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор со која се овозможи исплата на К-15 беше потпишана во 2013-та година од страна на ССМ и Организацијата на работодавачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП