5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБрисел ги казнува HSBC, JPMorgan и Crédit Agricole со 485 милиони евра

Брисел ги казнува HSBC, JPMorgan и Crédit Agricole со 485 милиони евра

kazni3500

Европската комисија (ЕК) објави дека морала да ги казни банките „HSBC“, „JPMorgan“ и „Crédit Agricole“ за манипулации со европската меѓубанкарска стапка „Euribor“. Вкупната сума изнесува 485 милиони евра. Така се става крај на петгодишната истрага за картел која го потресе финансискиот свет.

Овие три банки одбија да се договорат во 2013-та година со Комисијата, кога во рамките на договорот беа казнети „Deutsche Bank“, „Société Générale“ и „Royal Bank of Scotland“ со близу 1 милијарда евра.

Одлуката на Брисел се поврзува со неколку истраги за манипулации, во рамките на кои веќе имаше казни во износ од околу 1,8 милијарди евра. Предмет на овие истраги беа околу 11 финансиски институции, осомничени за вмешаност во заговори по јапонската и швајцарската меѓубанкарска стапка, како и европската „Euribor“.

Маргрете Вестагер и тимот работат и по друг случај за наводен картел од неколку банки, за кои се сомнева дека манипулирале со девизен пазар во вредност 5,3 илјади милијарди долари. Според обемот на доказите во рацете на истражителите се очекува казните да ги надминат овие кои се наметнати при манипулациите со меѓубанкарските каматни стапки.

Властите во САД веќе воведоа казни во вредност од 5,6 милијарди долари на шест банки во 2015-та година за девизни манипулации меѓу декември 2007-ма и јануари 2013-та година. Станува збор за „Barclays“, „Citigroup“, „JPMorgan“, „RBS“, „Bank of America“ и „UBS“.

Голем број глобални банки платија над 9 милијарди долари на властите на четири континенти во рамките на неколку договори. Британската инвестициска банка „Barclays“ прва обрна внимание на регулаторите за конкурентност за манипулациите со „Euribor“, па така си обезбеди имунитет и избегна казна од 690 милиони евра.

Откако одбија да се договорат со Брисел во 2013-та година, трите банки беа предмет на подолги и детални истраги.

Одлуката на комисијата е првата за „HSBC“ и „Credit Agricole“ за нивното учество во скандалот со манипулациите. „JPMorgan“ се приклучи на договорот со ЕУ за „Libor“ и плати 140 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП