7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп e личност на годината според магазинот Тајм

Трамп e личност на годината според магазинот Тајм

trampo3

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп е избран за личност на годината, во годишната анкета на познатиот магазин „Тајм“.

За Трамп тоа е многу голема чест. „Тоа е голема, голема, многу голема чест“, рекол Трамп откако дознал за изборот.

Во најтесна конкуренција беше и рускиот претседател Владимир Путин.

Американскиот магазин „Тајм“ секоја година ја покренува анкетата за традиционален избор на „Личност на годината“. Во првите денови на гласањето оваа година, основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж водел со три процентни поени пред новоизбраниот претседател на САД – Доналд Трамп.

Уредниците на магазинот објавија и листа на познатите личности кои биле во потесниот избор. Меѓу нив се Хилари Клинтон, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, индискиот премиер Нарендра Моди, основачот на „Фејсбук“ Марк Цукерберг, пејачката Бијонсе и други.

Минатиот декември, личност на годината беше германската канцеларка Ангела Меркел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП