4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДесет интересни факти со кои се одбележува Меѓународниот ден на цивилната авијација

Десет интересни факти со кои се одбележува Меѓународниот ден на цивилната авијација

letki-00

Меѓународниот ден на цивилната авијација се одбележува денес, 7-ми декември, бидејќи тоа е датумот на потпишувањето во 1944-та година на Конвенцијата за меѓународната цивилна авијација.

Во врска со ова „Daily Express“ објавува десет интересни факти:

1. Флотата на цивилната авијација во светот во 2015-та година вклучува 27.352 авиони.

2. Во секој момент помеѓу 500.000 и 1 милиони луѓе патуваат со авион.

letki-01

3. Авиокомпаниите во светот превезуваат 3,5 милиони патници и поминале вкупно 6,5 илјади милијарди патничкикилометри во 2015-та година

4. Првиот комерцијален лет е спроведен на 1-ви јануари 1914-та година од Санкт Петербург до Тампа.

5. Во 2015-та година најпрометниот аеродром во светот по бројот на патници е тој во Токио, следен од аеродромите во Чикаго, Дубаи, Пекинг, Атланта и Хитроу во Лондон.

letki-02

6. Првите јадења во авион биле понудени во лет од Лондон до Париз во октомври 1919-та година, кои чинеле три шилинзи.

7. Во 2001-ва година „Triumph International“ создаде посебен градник за патување во авион – „Frequent Flyer’s Bra“, бидејќи металните делови во обичните градници ги активираат детекторите при проверката на аеродромите.

8. Најмалата писта за комерцијални авиони во светот се наоѓа на карипскиот остров Саба. Таа е долга само 400 метри и е премногу мала за големи патнички авиони.

letki-03

9. Авионот „Boeing 747 Jumbo“ тежи 67 пати повеќе од просечниот африкански слон.

10. Зборот аеродром на англиски – „air-port“, датира од 80-тите години на XVIII век, што значело вентилациската порта во брод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП