
Што да напишеме за Ричард Бренсон, што повеќемината не го знаат. Олицетворение на успешниот претприемач, инспиративен и бестрашен лидер.


Што да напишеме за Ричард Бренсон, што повеќемината не го знаат. Олицетворение на успешниот претприемач, инспиративен и бестрашен лидер.
Сајтот „Bright Side“ ги собра неговите најголеми цитати за животот. Дневна доза на инспирација на едно место.
3. Секогаш сум среќен кога ќе вкусам лоша услуга како клиент. Не дека сум мазохиста. Се работи за тоа дека моите најдобри идеи се раѓаат кога гледам како другите работат лошо.
4. Подготвеноста да сослушам што имаат другите да кажат и да ги вклучам нивните идеи кога се подобри од моите, недвосмислено ми помогна во текот на 40 годишното работење.
6. Многу е подобро да ветите малку и да дадете многу, отколку да е обратно.
7. Многу повеќе сакам да комуницирам лице в лице отколку да се допишувам.
9. Целиот свој живот се обидувам да ја избегнам канцеларијата и поголемото работно време сум го поминал на едно од овие три места: дома, на јахта или лежалка од мрежа за лулање.
13. Вистинското лидерство се наоѓа во способностите јасно и мирно да објасните зошто одредена одлука мора да биде донесена.
15. Парите не се добар показател за успехот. Единствено славата е полош показател.
16. Ако ме прашате во што најмногу верувам, ќе ви кажам: Во своето семејство.