2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва се спортовите кои најдобро ќе го зачуваат вашето здравје

Ова се спортовите кои најдобро ќе го зачуваат вашето здравје

Road biker descending Gurnigel Pass, Switzerland on a cold winter day with snow lined roads

Интернационална студија, предводена од Универзитетот во Сиднеј, открила дека возењето велосипед, пливањето, аеробикот и спортовите со рекет имаат поголеми предности за здравјето од фудбалот и трчањето.

Објавена во бристанскиот весник за спортска медицина, студијата открила дека смртта која е предизвикана од кардиоваскуларни болести е намалена кај луѓето кои се занимаваат со пливање, спортови со рекет и аеробик.

Студијата вклучувала 80.000 луѓе, кои имаат преку 30 години, за да ја истражат поврзаноста помеѓу 6 различни „дисциплини на вежбање“ и смртта, вклучувајќи го возењето велосипед, пливањето, спортовите со рекет, аеробикот, фудбалот и трчањето.

Во споредба со испитаниците кои не учествувале во наведените спортови, ризикот од смрт на било кој примерок бил:

-47 проценти кај оние кои се занимавале со спортови со рекет (тенис, бадминтон…)
-28 проценти помал кај пливачите
-27 проценти помал кај оние кои се занимавале со аеробик
-15 проценти помал кај оние кои редовно возеле велосипед

Во споредба со испитаниците кои не учествувале во наведените спортови, ризикот од смрт предизвикана од кардиоваскуларните болести бил:

-56 проценти помал кај оние кои се занимавале со спортови со рекет
-41 процент помал кај пливачите
-36 проценти кај оние кои се занимавале со аеробик

„Нашите резултати покажуваат дека не е важно само колку многу и колку често вежбате, туку и кои тип на активности ги бирате за да направите разлика“, рече главниот автор на студијата, професор Емануел Стаматикс од Универзитетот во Сиднеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП