18 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook гради нов дата-центар

Facebook гради нов дата-центар

Facebook-data-centar

„Facebook“ собира се повеќе податоци, нуди се повеќе нови услуги, а сето тоа ја притиска постоечката инфраструктура.

Со самото тоа компанијата одлучи да започне со изградба на четвртиот центар за податоци, овој пат во Ајова. Се претпоставува дека изградбата на ова база ќе биде околу 1.5 милијарди долари.

Новиот центар за податоци е неопходен поради тоа што корисниците се повеќе пристапуваат на оваа друштвена мрежа по пат на мобилните телефони и таблети. Па тие се почесто прикачуваат фотографии и праќаат пораки, па поради тоа е потребна поголема инфраструктура.

„Не сакаме да се најдеме во ситуација да не можеме да лансираме производ затоа што нашата база не е подготвена за тоа. Поради тоа одлучивме да изградиме нов центар за податоци и со тоа да ја олесниме работата“, велат од компанијата.

„Instagram“ исто така влијае на оваа одлука, затоа што сега е хостиран кај „Amazon“, a „Facebook“ сака да го пренесе во центарот во Ајова кога ќе биде подготвен за функционирање. Се очекува новата база да биде готова до крајот на 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП