13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК: Приватниот сектор во фокусот на ЦЕФТА недела 2016

ССК: Приватниот сектор во фокусот на ЦЕФТА недела 2016

cefta_mrt_com_mk

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) е панелист на конференцијата ЦЕФТА Недела 2016 – CEFTA WEEK 2016, која годинава се одржува во Подгорица, по повод 10 годишнината од формирањето и потпишувањето на ЦЕФТА договорот.

Главна тема на ЦЕФТА неделата за 2016 година е важноста од имплементирањето на ЦЕФТА договорот, со посебен акцент на приватниот сектор.

„ЦЕФТА договорот имаше за цел да придонесе во стимулирањето на економскиот развој, олеснување и зголемување на трговијата помеѓу земјите членови и нивно интегрирање во глобалната економија. Во насока на зголемување на трговската размена потребно е поголемо вклучување на приватниот сектор во активностите и мерките за елиминирање на одредени нетрговски бариери, а вклучувањето на градежните услуги, дистрибутивните, потоа услуги за животна средина, како и рекреативни, културни и спортски услуги, ќе значи дополнителен стимул и можност за зголемување на трговијата и економската соработка помеѓу земјите членки на ЦЕФТА договорот. Области кои се предмет на либерализација се и деловните и професионални услуги, потоа туристички, комуникациски, образовни, здравствени, финансиски, како и транспортни услуги“, рече извршниот директор на ССК, Митко Алексов, како говорник на панел дискусија: „Подобра инволвираност на приватниот сектор во мониторирање на имплементацијата на ЦЕФТА договорот“.

Во првите две години од потпишувањето на договорот во периодот 2006 – 2008 година, Република Македонија со земјите од ЦЕФТА 2006 остваруваше 28% од вкупната надворешно трговска размена (2,1 милијарди американски долари), потоа следеше период на намалување и стагнација, а годинава размената со земјите членки на ЦЕФТА договорот е на ниво од 10,7% од вкупната надворешно трговска размена. Сличен е трендот и со останатите земји, бидејќи помеѓу 60-70% од својата надворешно трговска размена ја остваруваат со Европската Унија.

ЦЕФТА Договорот е потпишан на 19 декември 2006 од страна на Албанија, Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Република Хрватска, Република Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Косово. Романија, Бугарија и Хрватска се приклучија кон Европската унија, со што се повлекоа од ЦЕФТА. Главните цели на Договорот за основање на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) се усогласување на економските односи меѓу државите преку развој на трговијата, комерцијалните активности, зголемувањето на животниот стандард и обезбедување на подобри можности за вработување, како и зголемување на продуктивноста со цел постигнување на финансиска стабилност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП