29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото опадна, акциите на азиските берзи пораснаа

Еврото опадна, акциите на азиските берзи пораснаа

aziski-berzi

На Aзиските берзи втор ден по ред се бележи скок на акциите, бидејќи инвеститорите веруваат дека Европската централна банка (ECB) ќе продолжи да води лабава монетарна политика поради политичката неизвесност во Италија.

На берза во Токио, Nikkei indeks во 07:30 часот беше во плус 0,3 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореа, Шангај, Хонг Конг во Австралија забележаа раст помеѓу 0,1 и 0,8 отсто.

Во Сингапур забележаа благ пад, додека MSCI indeks азиско-пацифички акции, без јапонските, во 07:30 часот беше во плус за 0,25 отсто, зајакнувајќи втор ден по ред.

Азиските вложувачи ги охрабри вчерашниот раст на цените на акциите на европските берзи и Wall Street, при што Dow Jones indeks достигна ново рекордно ниво, и покрај политичката неизвесност во Италија откако премиерот Матео Ренци доживеа пораз на референдумот за уставни промени и ја најави својата оставка.

„По Брегзит и американските претседателски избори, мислам дека финансиските пазари научија дека иако резултатите не се во согласност со нивните вредности, пазарот брзо ќе се опорави бидејќи економското влијание на ваквите настани или е незначително или ќе се појави за некое време” изјави Tатсуши Маеоно стратег во Okasan Asset Management.

Иако најавената оставка на Ренци предизвика политичка нестабилност во Италија, па се споменуваа и предвремени парламентарни избори во февруари следната година, вчера цената на акциите во Милано скокна повеќе од 4 отсто.

Цените на акциите на италијанските банки во просек се зголемија за 9 отсто, иако и покрај политичката нестабилност би можеле да го попречат планот за спасување Monte dei Paschi, третата по големина банка во Италија.

Ова утро, девизниот курс на еврото падна на 1,0717 долари, но сепак значително е далеку од 1,0505 долари, што е најниско ниво во последните 20 месеци.

Индекс на доларот, што ја покажува вредноста на доларот во однос со шесте големи светски валути, утрово е стабилна, но од 24 ноември, кога достигна највисоко ниво во последните 13 и пол години, е намален за 1,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП